Леброн Џејмс го исполни ветувањето на граѓаните и навивачите на Кливленд кое го даде пред две години, кога се врати во Кавалирс – им ја донесе титулата во НБА-лигата првпат од постоењето на тимот, а градот го направи шампионски во кој било спорт првпат по 52 години.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг го предводеа Кливленд до победата во мајсторката, првиот постигна 27 поени, 11 скока и асистенции, блежејќи го првиот трипл-дабл во еден седми натпревар од финалната серија првпат по 1978 година. Вториот, пак, го погоди шутот за победа. Кога беше изедначено, 89:89 со нешто над една минути до крајот се издигна како лидер на тимот и погоди тројка преку Стеф Кари за предност која се покажа недостижна, а мечот го заврши со 26 поени и шест скока.

[video:https://youtu.be/pLecr5Y1uPU]

Стеф Кари и Клеј Томпсон имаа бледо издание, без муниција во своето главно оружје, шутот од далечина, стрелајќи 6 од 24 заедно, за три поени. Кари заврши со 17, Томпсон имаше само 14, а улогата на прв играч во тимот ја презеде Дрејмонд Грин, со одлична игра и во одбраната и во нападот, бележејќи 32 коша, 15 скока и 9 асистенции.