x

“Кралевите“ го откачиле, а сега е најголемата надеж на Барселона и “Црвената фурија“

pedri-nova

Педри Гонзалес, со своите 17 години полека, но сигурно станува една од најголемите ѕвезди во шпанскиот фудбал. Младиот играч за врска сезонава во Барселона доби шанса од тренерот Куман и истата максимално ја искористи. Нема веќе дилеми дека младиот Педри сега е најголемата надеж на каталонскиот клуб, но и на селекцијата на Шпанија.

Колку за потсетување Педри ова лето дојде на “Камп Ноу“ и тоа од Лас Палмас, а се можело да биде поинаку ако Реал Мадрид не направил насфатлив кикс. А го имал в “раце“ што се вели мега – талентот.

На сите им е познато дека пред извесно време бев на проба во Реал Мадрид. Оваа прилика ја користам можноста да и се забалагодарам на една личност во тој клуб која ми кажа дека сум бил не толку добар за Реал зошто сега играм за клубот за кого сонував да го носам дресот, за Барселона. Ќе ми беше многу чудно да играм за Реал ако се знае дека сум голем фан на Барселона, сега се е во ред. Играм за клубот за кого навивам од дете“ изјави Педри за медиумите во Шпанија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата