x

„Кралевите“ во распад, убедлив пораз на Денвер

Сакраменто Кингс го доживеаа осмиот пораз по ред во НБА лигата откако изгубија од Л.А. Клиперс со 87:105. Клиперс беа фаворити и пред мечот но никој не очекуваше дека толку лесно ќе победат. Тие ги искористија сите слабости на Кингс и само ја продлабочија нивната криза која трае подолго време.

Во поразената екипа најдобри беа Рич Холмс со 22 поени и 10 скокови, односно Бади Хилд со 20 поени. Кај Клиперс најефикасен беше Кавај Ленард со 24 поени и седум асистенции.

А кошаркарите на Денвер претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај Хјустон со резултат 130:104. На Нагетс не можеше да им помогне ни расположениот Никола Јокиќ кој беше најефикасен во својата екипа со 21 поен, со осум скокови и четири асистенции. Останатите играчи беа под нивото и резултатот е пораз.

Во победничкиот тим очекувано најефикасни беа Џејмс Харден со 35, односно Расел Вестбрук со 28 поени.

Сан Антонио Спарс славеше над Голден Стејт по продолжението со 117:113, додека Торонто беше подобар од Кливленд со 117:97. Оклахома го совлада Далас со 106:101.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата