Полицијата поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(31) од Битола, поради разбојничка кражба“.

„На 25 јуни, на улицата „Шар планина“ во Битола, пријавениот влегол во куќа и додека пребарувал, бил затекнат од оштетената Л.Ѓ.(70), по што ја турнал по скалите, а таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди“, информира МВР во дневниот билтен.

извор: Makfax