Старо-новиот протокол за погребување на починатите со ковид ги збуни и граѓаните и погребалните оператори. Се уште е неизвестно дали некој ќе сноси одговорност поради тоа што во изминатите десетина месеци се манипулираше со семејствата и им беше наложувано свпоите најблиски да ги погребуваат во лимени сандаци. На овој начин семејствата беа изложувани на дополнителни трошоци, а за таа екстра превенција од вирусот мораше да плаќаат плус 300евра, објави Алфа

Алфа оваа тема ја отвори уште во септември . и тогаш погребалните оператори потврдија дека во протоколот никаде не се наведува дека починатиот треба да биде во лимен сандак, но тврдеа дека на терен состојбата е поразлична. Според нив конфузната ситуација е резултат на недереченостите во протоколот, кој во дадени моменти се коси со Законот за заштита на населението од заразни болести, пренесува АЛФА.

-Ним им е само наложено да биде лимен ковчег и тоа од здравствените установи .никој не знае да каже од каде произлегува таа обврска. За истиот проблем е разговарано неколку пати со здтравствените установи , меѓутоа од таму не добиваме никаков одговор. Или телото ќе биде ставено во лимен сандак , или воопшто нема да им биде предадено телото „ -изјави Дејан Стојчев-адвокат на Здружение на погребални оператори.

Целиот текст може да го прочитате на АЛФА.