Актерката Силвија Стојановска е член на ансамблот на Драмски театар – Скопје, каде беше и директот во 2005 година. Нејзината последна филмска улога беше „Ослободување на Скопје“ во 2016 година, а сега игра во домашната телевизиска серија „Семејството Марковски“.

По нејзиното притворање за учество во шверц на 700 кг кокаин, за што давала логистика и го земала кешот, се поставува прашањето дали ќе и продолжи ангажманот во серијата Марковски.

Имено, од продукцијата на серијата Марковски засега не откриваат дали ќе има замена за Силвија Стојановска или серијата ќе тера во друг правец.

Да потсетиме, на актерот Владо Јовановски му беше прекинат ангажманот во серијата Преспав, поради неговиот политички ангажман. 

– Улогата на ликот Миле, во популарниот телевизиски серијал „Преспав“, повеќе нема да го игра актерот Владо Јовановски, а во новиот кастинг на негово место веројатно ќе игра актерот Игор Џамбазов. До промената на актерите дошло поради недоразбирањата со продукцијата, што неофицијално дознаваме, ги предизвикал политичкиот ангажман на актерот Јовановски, пишуваа медиумите во 2017 година.

Од друга страна, Силвија Стојановска беше една од најгласните во таканаречената „Шарена револуција“ во уривањето на владата на Никола Груевски и таканаречениот владин „режим“.

Еве што тогаш говореше некогашната „нема правда-нема мир“ поборничка за „човечки правдини“, денес осомничена за криминал и шверц со кокаин, Силвија Стојановска: