Пред 15 дена, на сопругата на Марко Милошевиќ, Милица Гајиќ, од Хаг и пристигнаа сите работи на Слободан Милошевиќ: книги, костуми, вратоврски и разни употребни предмети – сите завиткани во пакети. Но, меѓу нив не беше мистериозната умреница за која Републичкото правобранителство, наводно, безуспешно трага.
“Како тогаш судот ја прекинал постапката за одземање на вилата на Дедиње поради смртта на тужениот, кога немаат ниту еден пишан доказ дека е умрен?” – прашува поранешната претседателка на Вториот окружен суд во Белград, Михаиловиќ, која укажува на можноста дека Правобранителството ја користи умреницата како покритие за да се избегне процесот, како што направи и пролетва. “Прво имаа проблеми како да му го врачат позивот на Милошевиќ, сега, пак, имаат некои други проблеми. Не знам дали е тоа неснаодливост, незнаење или начин да се опструира процесот” – заклучува Михаиловиќ.
Во прилог на ова е и фактот дека Хаг, непосредно по смртта на Милошевиќ, издал умреница и тоа во три примероци: еден на амбасадата на Србија во Холандија, вториот на надлежните органи на Србија и третиот на семејството Милошевиќ. Тоа значи дека доказите се дојдени во Србија, но некој не сака да ги покаже или, пак, намерно ги загубил. Ако сето тое е така, пак има едноставно решение: доволно е само некој да се јави во Хаг и доказите повторно ќе дојдат во Србија.

Легенда: Спорната вила на Дедиње која се уште е во сопственост на Милошевиќ