Нова студија дошла до невероватни заклучоци, а тоа е дека луѓето со одличен сексуален живот изневеруваат.

Неверствата денес се се почести, а одамна се верува дека за љубовни афери се одлучуваат луѓе кои не се среќни во својата врска или брак.

Иако воглавно е така, и понатаму постојат среќни парови кои сепак бараат секс на друго место.

Овој резултат од истражување објавен во списанието Personality and Social Psychology во кое од 233 новопечени парови, побарано да се пополни анкета за неверства во период од три години.

Истражувањето покажало дека и мажите и жените кои биле најсреќни во својот сексуален однос со својот партнер изневерувале повеќе од оние кои не биле, пренесува Дејли Мејл.

Зошто неверство ако сексот во врската е добар?

Луѓето изневеруваат од различни причини. Некои сакаат повторно да се чуствуваат млади, избегнуваат блискост…

Исто така мислат дека сексуално задоволни луѓе во среќните врски изневеруваат бидејќи се повеќе се заинтересирани за секс. Ако навистина многу сакаат секс, вероватно својот примарен сексуален живот го опишуваат како добар, бидејќи секој секс е добар секс.

Втората причина е тоа што често имаат сексуален однос, па сакаат се повеќе и повеќе.

‘Теорија на хидраулична пумпа’, во психологијата се толкува дека имате одредена количина за нешто. Ако партнерот има секс со друга личност, нема да сака “акција во кревет“ со лице со кое е во врска, со што се верува да ако во односот има многу секс, нема причина за грижа.

Меѓутоа многумина поради афери се возбудени, што ги тера да сакаат уште повеќе секс со својот партнер.

Оваа студија дошла до уште еден изненадувачки резултата. Имено, се претпоставува дека луѓето кои поубаво изгледаат повеќето се во искушение за афери бидејќи имаат повеќе можности.

Оваа студија докажала и сосема спротивно – кај жени, испитаници кои се помалку привлечни, тие биле кои најмногу изневерувале. Тоа е фасцинантен податок, иако е загрижувачки фактот во човечката психа.