Пензионерот Василија Јордановски, од скопската населба Козле, е новиот добитник на 8 000 денари од наградната акција на †Вечер”. Василија со нашиот весник се дружи уште од првиот број. Редовно го купувал отсекогаш и сега со промената во дизајнот и содржината, Василија останува верен читател на †Вечер”. †Во наградната акција се вклучив малку подоцна. Неколку кола беа поминати. Но, кога се појави таблото и страницата посветена на наградната игра, сфатив дека можам да добијам пари. Веднаш ги исеков купоните и испратив. Испратив 3 пликоа и еве си добив награда”- ни рече дедо Василија. †Кој праќа – добива”- се насмевна новиот добитник кој ни кажа дека неговите пријатели тврдат дека ваквите наградни игри се наместени и затоа и не учествуваат. †Но, еве сега јас сум им доказ дека не е така. Кога ќе ме видат во весник, ќе сфатат дека грешат”, ни рече дедо Василија, вчера кога не посети во Редакцијата за да си ја подигне паричната добивка. Добивката ќе биде искористена за седумте внучиња на добриот дедо, а најмногу ќе искористат тројцата студенти. †И бабичката нема да биде запоставена. Ќе и`; купам некој џемпер, а и работи за домаќинството”- се насмеа Василија. † Ќе продолжам да купувам †Вечер”, бидејќи сакам да бидам во тек со дневните случувања. Има многу интересни работи во него. Наградната акција е интересна, но не и пресудна за да го купувам весникот”- додаде дедо Василија. Тој е среќен човек. Ова му е трета поголема добивка, а ќе продолжи да учествува во наградните игри и понатаму. Па, дедо Василија, многу сре- ќа и големи добивки!