Во следните неколку часа ќе биде комплетиран сензационалниот трансфер на францускиот интернационалец Антони Матриал кој во следните неколку сезони ќе го носи дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

За да ги осигураат услугите на 19-годишниот напаѓач на Монако, раководните лица на Јунајтед мораа да го прифатат побараното обештетување од 50 мил. фунти.

Иако станува збор за најскапо засилување за време на летниот преоден рок, одличниот играч за врска Морган Шнајдерлинг откри дека капитенот на “црвените ѓаволи”, Вејн Руни го прашал кој е тој Матриал.

Руни во неделата во авионот ме праша кој е Марсијал, бидејќи англиските медиуми почнале да пишуваат за него. Му кажав дека е одличен играч со голем потенцијал, кој минатата сезона имал одлични партии во дресот на Монако, а само што ја почнал кариерата. Тој е одличен техничар и многу силен. Наликува на Тиери Анри, дури и медиумите го споредија со него, рекол Шнајдерлин.