Припадниците на американската полиција се опремија со ново средство за разбивање демонстрации: спреј со неподнослива реа на месо во состојба на распаѓање, јавува Танјуг.

– Новото оружје на американската полиција, со право наречено „Сканк” (твор), веќе им е поделено на припадниците на неколку полициски единици во САД, изјави Карен Банај, директор на компанијата „Мистрал Сосајети”, што го комперцијализира овој производ.

Станува збор за мешавина од мирис на гас, скапано месо и измет, објасни Банај за сајтот Дејлидот.

-При распрскувањето на отворен простор производот брзо исчезнува, но доколку доспее на тело или облека потребни се и до три дена да се ослободите од него, наведе тој.

Сканкот го произведе израелската фирма „Одортек” заради употреба против демонстрантите во Појасот Газа, каде го исфрлаат возила опремени со водени топови.

Во САД ќе биде употребен заради држење под контрола на демонстрантите и затворската популација.

– Производот е 100 отсто природен, не предизвикува штата за луѓето и природата. Од мирисот може да се повраќа, но никако и да се умре, напомена Банај.