Време е кога државата ги дели пензиите а тие се подигаат во банки, без да се смисли алтернатива иако Пошта околу нова година објави конкурс за над 200 нови вработувања – поштари да им ги донесат пензиите дома во ова време на самоизолации каде пензионерите се најризична целна група за корона вирусот.

Со мали примања, без парични резерви дома, пензионерите беа приморани да се гужваат пред банките каде ни теоретски не важеше правилото за оддалеченост на еден или два метри еден од друг. Ова пензионерите директно ги турка во зараза која, за две недели, ќе ја видиме во нагло зголемени бројки и веројатно смртни случаи на оваа екстремно ризична целна група. 

Ако постои законска одговорност заради ширење зараза настаната со несовесно работење таа ќе падне на министерот Венко Филипче и комисијата која се занимава со епидемијата, а заедно со нив и министерството за финасии и директпрпот на Пошта кои не примениле безбедносна мерка во рамките и во согласност со вонредната состојба.