Синот на турбо-фолк пеачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Вељко и неговата вереница Богдана Родиќ својот црковен брак го крунисаа во најголемиот храм на СПЦ Свети Сава на Врачар.

Целиот црковен чин бил организиран до детал, а се било во сјајот на златната боја. Покрај посебните свеќи подготвени за кумовите, младенците вино пиеле од позлатен пехар, а на платното кое се користи за врзување на нивните раце биле златно извезани нивните иницијали.

Вељко и Богдана ги венчал духовникот на Цеца, Владиката Стефан.

– Е мој Вељко, имаш жена Богдана, а кум Хрисо. Тоа е знак од Бога дека ги имаш сите услови да живееш како крал, рекол владиката Стефан на венчавката.

Чинот на венчавање пред храмот Свети Сава го следеле голем број луѓе.