Коронавирусот расипа многу планови и откажа многу венчавки ширум целиот свет. Но очигледно дека сите не се откажаа од својата свадба и покрај условите и околностите кои ги наметна пандемијата.

Пар во Малезија најде начин како да направи свадба, но не мала и скромна туку со неверојатна бројка од 10.000 гости, притоа почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки.

Ова може да звучи невозможно, особено ако се земе предвид дека бројот на гости во оваа земја е ограничен на 20. Сепак, работата е што Тенку Мухамед Хафиз и Осеана Алаги направија церемонија со автомобили.

Парот седеше пред зграда, додека гостите полека минуваа со автомобилите. Иако прозорците на автомобилите мораа да останат затворени, тие им мавтаа на младенците, кои ги поздравуваа на ист начин, пренесува Би-Би-Си.

Патем, младоженецот на оваа необична венчавка е син на многу влијателен политичар и поранешен малезиски министер.

„Свадбата“, односно поминувањето на сите автомобили, траеше околу три часа.