x

Која била последната објава на Коби на социјалните мрежи?

Животот на Коби Брајант заврши на 41 година. НБА-легендата загина во хеликоптерска несреќа заедно со четири особи меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка.

Коби беше полн со живот, секогаш ги почитуваше спортистите и нивните дела, а последната објава на социјалните мрежи беше посветена на Леброн Џејмс. Откако „кралот“ го мина на вечната листа на стрелци, тој го поздрави ова негово остварување.

„Продолжи да ја померува играта напред. Голема почит брате“, беше честитката на Коби до Леброн.

Светот е во голем шок, никој не сака да поверува дека Брајант повеќе го нема, ќе останат неговите големи дела и неверојатни партии кои ги пружи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата