Коштуница против Тадиќ
Уште не ни почнаа со преговорите за новата влада, а актуелниот претседател и премиерот во заминување, веќе се конфронтираа. Партијата ДСС на Воислав Коштуница вчера го отфрли предлогот на Борис Тадиќ, српскиот Парламент да го осуди масакрот во Сребреница. “ДСС не гледа причина посебно да се истакнува еден од најужасните масакри во Европа по Втората светска војна. Ние инсистираме во исто време да бидат идентификувани сторителите на сите воени злосторства”, изјави потпретседателот на ДСС, Владета Јанковиќ.