Коштуница премиер – тоа е виц!
Кандидатот на Борис Тадиќ за премиер на Србија, Божидар Ѓелиќ вчера изјави дека нивната Демократска странка е подготвена за нови избори, доколку другите странки од демократскиот корпус не ја испоштуваат изборната волја на граѓаните, според која, тој треба да биде предател на влада. Одговарајќи на се погласните шпекулации дека ДС ќе се откаже од него и дека премиерското место ќе му го препушти на актуелниот претседател на српската влада Воислав Коштуница, Ѓелиќ одговорил кусо и самоуверено: “Тоа е виц”!