Во српската политичка чаршија им нема крај на шпекулациите кој ќе биде нов премиер. Најновата, вчерашната е дека ДС и ДСС се договориле во премиерсктата фотелја да остане Коштуница, фаворизираниот Ѓелиќ ќе биде потпретседател, а лидерот на Г17 плус Динкиќ ќе остане министер за финансии. Во краен случај, тој може да биде прекомандуван на местото потпрестедател на влада.
Што се однесува до другите кадровски решенија, наводно и тука работите полека си доаѓале на свое место. Секако, освен најважната дилема: кој ќе биде министер на полиција? Тадиќ бил подготвен тоа место да му го препушти на ДСС и на него да остане сегашниот министер Драган Јочиќ, но за возврат да го добие важното шефовско место во разузнавачката агенција БИА. Ова место е многу важно за демократите кои сакаат пред избирачкото тело да се покажат како единствен фактор во Србија кој успеал да ги расчисти работите во оваа чувствителна служба за која запад одамна смета дека се уште во неа работат и од заднина ја контролираат луѓето на Милошевиќ.
Кандидати за сите места има многу, но најинтерсно е дека за шеф на дипломатијата се спомнува дури и Расим Љајиќ, а за иден минстер за спорт најсериозни кандидат биле Драган Ѓајиќ и директор на Ватерполо сојузот на Србија, познатиот ватерполист, Ненад Манојловиќ.