x

Кошаркарска сензација: Швајцарија ја победи Србија

svajcarija-srbija

Кошаркарската репрезентација на Србија, е поразена во 3. коло во квалификациите за Европското првенство од селекцијата на Швајцарија со 92:90.

Одлично шутерски беа расположени швајцарците, и на крајот со тројки успеаја да направат голема сензација.

Србија беше подобра на почетокот од мечот. Имаше седум поени предност, но Швајцарија се враќаше и не дозволуваше фаворитот да се одлепи.

Во текот на вториот дел исто така израмнето. Но, подобра завршница за Швајцарија која отиде со предност на полувремето со 49:44.

Во продолжението, Швајцарија оди на +11. Србија успеа да се доближи, но Швајцарија одново на одмор отиде со предност.

Возбудливо беше до самиот крај од мечот. Србија констатно беше зад Швајцарија резултатски, и не успеаја да ја надополнат негативата за пораз.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата