x

Кошаркарките се комплетираат со доаѓањето на Бонер

kosarka-zeni

Женската кошаркарска репрезентација го помина првиот дел од подготовките во Охрид. Селекторот Владимир Ѓоровиќ вели дека најтешкиот дел помина, па сега се концентрираат на она што ги чека во следниот период.

„Одработивме шест тренинзи во Охрид, можам да кажам, во одлични услови који ги имаме во салата ‘Билјанини извори’, како и во хотелот ‘Тино’ во Охрид. Сакам да напоменам дека овој прв дел е малку потежок за кошаркарките каде обрнавме внимание и на нивната физичка подготвеност, и пробавме да ја донесеме на истото ниво пред оваа голема пауза која е евидентирана кај нив“,  вели Ѓоровиќ.

„Секако паралелно со тоа работиме на поставување на основни принципи на одбрана и на напад, а во меѓувреме обрнавме внимание и на некои други тактички моменти, направивме и прв екипен скаутинг на репрезентацијата на Хрватска“.

Репрезентацијата од денеска се комплетира со доаѓањето на Девана Бонер, а Анџелика Митрашиновиќ и Софија Лазаревска, кои ќе бидат во составот за мечевите во Рига ќе ја дадат комплетната слика за селекцијата.

На турнирот во Рига, на 12. ноември, Македонија ќе игра против селекцијата на Хрватска. Два дена подоцна, за противник ја имаме селекцијата на Германија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата