x

Кошаркарките комплетни почнуваат во Рига, сите тестови се негативни

kosarka-rep-zeni

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска го одработи првиот тренинг пред оној официјален почетокот на ноемврискиот квалификациски циклус за пласман на Евробаскетот во 2021 година. Според планот, нашите кошаркарки требаа да тренираат и вчера, но поради нешто подоцнежниот термин за ПЦР тестирање кое го реализира ФИБА со кој беа опфатени сите присутни на турнирот во Рига, нашиот стручен штаб мораше да ги откаже сите планирани активности.

„За жал, тоа е нешто кое не го очекувавме. Искрено, се надевав дека ќе можеме да го искористиме вечерашниот термин, но добивме информација дека мора да бидеме подложени на тестирање од корона вирус, кое е задолжителен дел од протоколот на ФИБА. Ако ништо друго девојките добро се одморија по она патување од Охрид преку Скопје и Софија, до Рига“,констатира селекторот Владимир Ѓоровиќ.

Затоа пак многу позначајна е информацијата дека сите во македонската експедиција кои се присутни во „балонот“ во Рига добиле негативен резултат по тестирањето.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата