x

Кошаркарите мора да одморат, Работнички утре сабајле заминува за Златибор

rabotnicki-mzt7

Работнички немаше избор, денеска мораше да го одигра дуелот против Кожув во рамките на третото коло во домашниот шампионат и покрај тоа што го чекаше пат за Златибор, каде ќе се одигра првиот „балон“ во АБА 2 лига.

По триумфот број три оваа сезона, а поради забрзаното темпо, најтрофејниот на пат ќе тргне дури утре сабајле. Кошаркарите мора добро да одморат, односно да преспијат. Иако првичниот план беше вечерва да заминат за Златибор, сепак истиот се промени. Димитар Мираковски не сака дополнително да ги оптовари своите момци.

Пред да излезат на терен „црвено-белите“ ќе мора да направат Ковид-тест. Прв противник на Работнички е тимот на Студенски центар, дуелот се игра во понеделник со почеток во 17 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата