x

КОШАРКАРИТЕ ЗАСИЛЕНИ ВО ТАЛИН: Вајли доби „амин“ од Владата, доаѓа во Скопје по пасош

vajli

Македонската кошаркарска репрезентација следната недела ќе почне со мини-подготовките за вториот квалификациски циклус за место на ЕП, кој ќе одржи во Балон во Талин.

Во исчекување на поширокиот список на селекторот, Александар Тодоров, доаѓаат информации дека во составот најверојатно ќе го имаме новиот Американец, Џејкоб Вајли. Станува збор за кошаркар кој игра на центарската позиција, а во моментов е член на Гран Канарија.

Владата на својата седница го одбри Вајли, кој пак треба да пристигне во нашиот главен град само да поднесе документи за пасош, а потоа ќе се врати во Шпанија.

„На денешната седница Владата го одобри барањето за државјанство на Република Северна Македонија на Џеjкоб Даниел Вајли, роден во 1994 година во Лонг Бич, Лос Ангелес, САД бидејќи го исполнува условот за особен интерес за државата од аспект на спортот“, се вели во известувањето на Владата.

Вајли има 23 години, тој доаѓа во составот откако Ричард Хендрикс, Шејн Витингтон и Аскија Букер не можеа да одговорат на повикот на репрезентацијата. Новиот Американец со македонски пасош има кратко НБА искуство како член на Бруклин Нетс, играше за Панатинаикос, а беше дел од германското и австрискиот шампионат.

Македонија на претстојниот „балон“ во Талин ќе ги одмери силите прво против Италија (28 ноември), а потоа и против домаќинот Естонија (30 ноември).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата