x

Кочов: Далеку сме од посакуваната форма, немаме време за жалење

kocov-e1605033732719

Ниту МЗТ Скопје не успеа да тргне со победа на стартот на АБА 2 -лига, беше совладан од Подгорица со 72-74 во неизвесен натпревар.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов не успеаја да својот стратег да му го честитаат роденденот триумфално, а тој смета дека големата пауза и повредите се причина за поразот на стартот.

„Сакам да и ја честитам победата на Подгорица. Ние сме далеку од формата во која треба да бидеме. Имаме проблем со повредени играчи, како и со коронавирус. Долго време не тренираме, се гледа дека не сме во натпреварувачки ритам.

Ова беше цврст натпревар, сметам дека сме поквалитетна екипа од Подгорица, но за жал не успеавме да стигнеме до победата што ја посакувавме. Немаме време за жалење, имаме уште натпревари за играње“, изјави Кочов, кој заедно со своите момци ќе се подготвуваат за Сутјеска, следниот противник во „балонот“ во Златибор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата