Излезете надвор да ги пречекате Фејсбук и Гугл, гужва е тука не можат да ред да дојдат луѓево тука за да инвестираат, изјави Иво Котевски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се кон советникот  за односи со јавност на Зоран Заев, Марјан Забрчанец.

Котевски во емисијата Клик плус на ТВ21 истакна дека Заев е синоним за лагата, кога и да отвори уста само лаже, па така лажеше дека во Македонија ќе инвестираат гигантите Фејсбук и Гугл.

– На 12 септември 2017 година, во емисија Заев изјави „се подготвува инвестиција на интернет гигантите Фејсбук и Гугл кои треба да дојдат во Македонија. Владата ќе работи на задржување и привлекување  на странски инвеститорите но со еднаков третман и на домашните компании“.   Се потепаа и  Гугл и Фејсбук  за да дојдат. Е тоа е Зоран Заев синоним за лагата. Ова е од 2017 година а сега сме 2019 година, потенцираше Котевски.

Тој додаде дека уште една лага е дека СДСМ ќе го намали бројот на министри, односно  на трибина на СДСМ на 7 октомври 2015 беше ветено дека владата која ќе ја предводат тие нема да брои повеќе од 20 министри  тој број дополнително ќе се намалува. Тој посочи дека бројот не само што не е намален туку е и зголемен.

– На луѓево им се лоши им се повраќа кога ќе видат заев дека става рака на срце.  Заев кога ќе отвори уста, не му верувам ништо дури и кога ќе се претстави дека е Зоран Заев. Човекот е синоним за лагата. Три години во континуитет лаже, три години животот во Македонија го претвори во кошмар, од кој што се надевам дека ќе се расониме на 12 април, нагласи Котевски.