СДСМ сурово ги лажеше бутелчани! 
Денеска заедно со Д-р Боро Илиевски дадовме изјава од Кучевачка Бара.
Жителите на ова населено место се сурово излажани од СДСМ и Велимир Смилевски.
Тие за ова населено место во 2017-та година ветија:
-Целосно уредување на коритото на реката Серава и изградба на трим патека за пешачење.
-Реконтрукција на постојното спортско игралиште.
-Асфалтирање на сите неасфалтирани улички во ова населено место.
Тие излажаа за секој кажан збор во 2017-та, исто така ќе лажат и во оваа кампања. Не си стојат на зборот и народот тоа добро го памети.
ВМРО-ДПМНЕ во оваа кампања ќе вети реални и издржливи проекти кои по секоја цена ќе бидат реализирани.
#ОбноваНаМакедонија
#ИсправиСеМакедонијо
Фејсбук статус на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ