Да, ова за жал е нашата Општина Бутел‼Нашата Општина е претворена во една голема депонија, Бутел никогаш не бил позагаден, никогаш ни приближно немало волкав број на огромни депонии кои се сигурен извор на разни зарази, напиша на својот профил на Фејсбук Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Смилевски и СДС предизборно ветуваа чиста Општина и повеќе зеленило, како резултат од нивните ветувања го имаме прикажаното на овие жални фотографии, состојба која и те како е АЛАРМАНТНА‼

На фотографиите се прикажани депонии од Радишани, Љуботенски пат, Визбегово, Бутел 1. Како ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел бараме Општина Бутел и сите надлежни итно да превземе мерки за расчистување на овие веќе опасни депонии, додаде Костовски.