Велимир Смилевски, градоначалник на Бутел, поставен од Зоран Заев потроши половина милион евра за полнење на општинската администрација во ек на корона вирус. Да, додека владата им зема на компаниите и граѓаните и размислува да намали плати, додека буџетската дупка е 1.2 милијарди евра, Смилевски во Бутел троши пола милион евра за згрижување на партиски пајташи во администрацијата на општина Бутел, вели Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција

Костовски истакна дека нема пари за заштита на лекарите, но има пари за партиски вработувања на СДСМ кои служат како поткуп пред избори.

Медицинскиот персонал во амбулантата во Бутел сам си купува заштитна опрема, амбулантата е сместена во руинирани бараки, кои прокиснуваат и наместо тоа да е приоритет, Смилевски решава парите да ги потроши на поткуп по примерот на својот шеф – Заев.

Се работи за чист предизборен поткуп. Затоа што:

1. Нема зголемен обем на работа. И администрацијата која е веќе ангажирана не оди на работа во полн состав.

2. Ангажирање на 130 луѓе создава превработеност во администрацијата, се оптеретува буџет, што на долг рок е неиздржливо.

3. Процесот на ангажирање се прави за време на вонредна состојба преку агенцијата за времени вработувања. Никој не знае како се избрани кандидатите. Едноставно логички се заклучува дека изборот паднал на најдобрите на Велимир.“ потенцираше Костовски

Тој им порача дека граѓаните ги прочитаа и поткупот кој го прават, додека луѓе умираат, доктори и медицински сестри се заразуваат е повеќе од очигледен и мизерен.

И за сите незаконитости ќе одговарате.“ нагласи Костовски