Неприфатлив е предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на насилниците од 27 април, вели портпаротлот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Ставот на СДСМ е јасен, мора да има одговорност за настаните од 27ми април во Собранието на Република Македонија, не може да има амнестија за оние кои нарачале и извршиле насилство, вели портпаролот на владејачката партија.

Телото за помирување очекуваме во најскоро време да има состанок, од таму ќе произлезат насоките за аменстија. Треба да се направи разлика меѓу оние кои нарачале и извршиле насилство.

извор: Makfax