– Хидросистемот пуштен е во употреба во 2010-тата година и првенствено е наменет за водоснабдување на околу 100000 жители од Источна Македонија. Вредноста е 80 милиони евра, а треба да следи втора и трета фаза. Што се однесува до хидросистемот Лисиче во 2007-ма е пуштен во употреба, 65 милиони евра инвестиција и првенствено е наменет за водоснабдување на жителите од Чашка и општина Велес. Најважно што сакам да истакнам е дека 2016-та година дефинитивно ќе биде година на капитални инвестиции во водостопанството бидејќи ќе почне градба на брана Речани на Оризарска река, вкупна вредност 40 милиони евра. Ќе се гради брана Конско во Гевгелија. Треба да се реализира равен Речица, систем за наводнување во полошко поле, вкупна вредност од 10 милиони евра, рече Костадиновски.