Триесет и тригодишен косовски државјанин се обидел да внесе во земјава 15 килограми марихуана преку граничниот премин Блаце.

Според информациите на МВР, вчера околу 20 часот кај место викано „Терминал“, полициски службеници го привеле Ф.Д.(33) од село Пустеник, Косово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Претходно полициските службеници го забележале Ф.Д.  како се движи од Косово кон Македонија и при преглед кај него, во вреќа, биле пронајдени 14 пакувања со околу 15 килограми марихуана.

Дрогата била одземена и дадена на вештачење. По целосно документирање на случајот, СВР Скопје – Еденица за недозволена трговија со дрога и оружје ќе поднесе соодветна пријава.

извор: Makfax