Најверојатно, од 22 до 28 октомври годинава, во замокот Јабле крај Љубљана ќе одржи првото инстант школување на косовските функционери, организирано во рамките на словенечкото МНР. Велат дека е ова договорено уште во мај при посетата на Ахтисари на Словенија, кој челниците на оваа земја ги смета како “експерти за односите во регионотè. За експресниот курс станало збор и при престојот на Кољ Бериша на Љубљана. Тоа би требало да значи дека Словенците најдобро ќе ги обучат косовските лидери по теркот на Брисел. Но, тука се наметнува и најважното прашање: Дали иднината на Косово е веќе решена, а преговорите меѓу Белград и Приштина се само чукање празна слама!?