Ова, како што јави дописникот на МИА, е најголема трансакција на ЕБРД за Косово досега и прва инвестиција на оваа финансиска институција во косовскиот транспортен сектор.

Проектот видно ќе ја подобри поврзаноста на косовската железница со европската мрежа, преку коридорите 8 и 10 од Македонија, па се до границата со Србија. Поконкретно линијата ќе биде во должина од 148 километри, поделена на три секции: јужна – Косово Поле-границата со Македонија, централна – Косово Поле-Митровица и сегментот до северниот дел на Митровица.

Освен кредитот од ЕБРД во реализација на овој проект ќе помогне и Европската инвестициска банка.

Проектот исто така ќе профитира и од поддршката од донатори со грант од страна на ЕУ, како и грант за подготовка и релизација на проектите од инвестицискта рамка за западен Балкан.