Во случајот на Косово не се исполнети сите потребни услови за евентуално барање за кандидатура на Приштина за Европската Унија кој ​​сериозно би се разгледал во Брисел, вели портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

– Секој може да прави што сака, но реално гледано, кандидатура се поднесува и сериозно се разгледува само доколку исполнувате одредени критериуми, а еден од нив е да сте признати како држава од сите земји-членки. Без тоа, не можете да започнете вистински процес – рече Стано.

Тој исто така одговори на прашањето на албанските новинари дали неговата изјава за невозможноста на кандидатурата на Косово за членство во ЕУ е од политичка или правна природа.

– Тоа е животен факт, ЕУ прифаќа само признати држави за членки – заклучи Стано