Косово би можело и да добие и да не добие независност, предвидува германскиот “Франкфуртер алгемајне цајтунгè. “Сигурно е дека конечниот текст на одлуката на Советот за безбедност нема да го содржи зборот независност. Текстот ќе биде воопштен, бидејќи Советот е неединственè, оценува весникот, според тврдењата на учесници во преговорите. “САД и Англија сакаат независност за Косово, но Франција се двоуми, бидејќи не сака уште една мала држава на Балканот, која набргу ќе чукне на вратата на ЕУ – оценува “Франкфуртерè додавајќи дека сега сите погледи се свртени кон Москва и Пекинг, кои најверојатно ќе условуваат.