Косово е срце на Србија!
Вчера пред амбасадата на САД во Белград протестираа против планот на Ахтисари околу 15.000 лица од кои повеќето дојдоа со автобуси од Косово. Протестниот митинг кој беше во организација на Српскиот национален совет за Косово и Радикалната странка, имаше за цел на Европа и светот да им порача да не ја прфатат политиката за распарчување на Србија. Наспроти Амбасадата на САД беше поставена бина на која е испишано: “Косово е срце на Србија”, а од двете страни висеа транспаренити: “Русијо помогни” и “Косово е душа на Србија”.