Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Србија може да смета на поддршката на САД кога станува збор за укинување на косовски такси и продолжување на дијалогот Белград-Приштина.
Вучиќ изјавата ја даде по средбата со државниот секретар Мајк Помпео во Њујорк.

“Ние долго време разговаравме за сè. Помпео сакаше да слушне што мисли Србија пред се за решавање на косовскиот проблем. Ми се чини дека јас го кажав ставот на Србија на најкраток и наједноставен начин”, напиша претседателот на Србија на Инстаграм.