x

Корона-хаос во Шпанија: Клуб пријави 28 заболени од КОВИД-19!

fuenlabrada

Мечот помеѓу Депортиво Ла Коруња и Фуенлабрада од последното коло во шпанската Сегунда не се одигра откако гостинскиот тим пријави заболени фудбалери во своите редови. Федерацијата не дозволи да се игра мечот кој за Фуенлабрада беше многу важен затоа што се бореше за место во плеј-оф за влез во Ла Лига. И за Депортиво беше важен, но после резултатите на другите средби стана јасно дека што и да направеше оваа екипа ќе испаднеше во Третата лига.

Денеска Фуенлабрада пријави уште 12 нови случаи на коронавирус во своите редови, па така вкупниот број на заразени во овој клуб се искачи на 28 лица.

Заразените останале во Ла Коруња, но биле откриени и позитивни случаи кај оние што се вратиле во Мадрид. Од клубот се сомневаат дека се заразиле во хотелот во кој престојувале во Ла Коруња.

Сепак од овој мал клуб потврдуваат дека сите заразени се добро и дека дел од нив немаат симптоми, а некои се со благи симптоми на вирусот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата