Златарницата „Мози“ од Русија направила заштитна маска од бело злато и дијаманти која има неверојатна цена. Направена е од 3750 дијаманти и 450 грама бело злато, а чини цело богатство, односно неверојатни 10 милиони рубли т.е. 110 000 евра. 

Димитрије Кузњецов на оваа идеја дошол откако прележал корона. Овие маски се доста барани, а првата веќе е продадена.