x

Корона во Лил, меѓу позитивните и Ренато Санчез!

 

Проблеми во Лил, во еден од најдобрите клубови во Франција. Како што потврди тренерот Кристоф Галтие, Ковид-19 “влегол“ и во неговата екипа, а меѓу позитивните е и Португалацот Ренато Санчез…

„Имаме тројца заразени со коронавирусот. Станува збор за Ренато Санчез, Џонатан Бамба и Иконе. Сите тројца се во изолација, се надевам дека брзо ќе се вратат во тренажен процес. Од час во час се следи нивната состојба“ потврди Галтие.

Инаку проблемот е во тоа што Санчез е во Португалија, и му треба најмалку два негативни теста за да може да се врати во Франција.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата