x

Коронавирус во Спортинг: Откажан дуелот меѓу Елмас и Ристовски

elmas-nova

Пандемијата коронаворус и натаму прави проблем во светот на спортот. Дел од тимовите никако не можат да здивнат, позитивните случаеви се зголемуваат од ден на ден, а дел од мечевите се одложуваат.

Вечерва Стефан Ристовски и Елиф Елмас, односно нивните Спортинг Лисабон и Наполи требаше да играат пријателски натпревар, но истиот е откажан поради присуство Ковид-19 во редовите на португалскиот тим.

Засега од Спортинг не објавуваат детали, ниту пак името на тројцата фудбалери кои се позитивни.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата