Коронавирусот ја однесе првата жртва во Албанија. Дописничката на „Панорама“, Леонида Мусај известува дека таа е постара жена која била регистрирана како прв случај во Драч.

Денес претпладне, извори за „Панорама“  кажаа дека пациентката  се третираше во изолација во регионалната болница во Драч, поточно во одделот за инфективни болести. Медицинскиот персонал поради нејзината лоша состојба одлучиле да ја испратат во инфективната клиника во Тирана, но таа не можеше да го издржи патувањето па ја вратиле назад, по што починала.

На фотографиите обезбедени од новинар на „Панорама“, медицинскиот персонал ја извади од возилото за брза помош старата жена, која според информациите не уринирала уште од вторникот и се дознава дека и откажале бубрезите.

Извор: Панорама