Oд почетокот на пандемијата, за првпат во светот се регистрирани повеќе од 250.000 нови случаи на коронавирус во еден ден, објави Светската здравствена организација. Во изминатите 24 часа, забележани се 259.848 нови случаи.

Бројот на починати е 7.360, што е најголема бројка од 10 мај. Вкупната бројка заразени досега изнесува над 14 милиони, од кои 601.000 починале.

Како што објави Универзитетот Џонс Хопкинс, најголем пораст на бројот на заразени бележат САД, Бразил, Индија и Јужна Африка.

извор: Makfax