x

Коронавирусот не го плаши Несторовски

Илија Несторовски во моментов игра и живее во едно од најризичните подрачја во Светот поради коронавирусот. Тој игра во Удинезе, живее во Удине, град на самата граница со Словенија, кој се наоѓа во северниот дел на Италија. Но, Несторовски функционира нормално, и покрај тоа што таму има голема паника поради овој нов вирус.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија како шета со свој соиграч.

Првенството во Италија најверојатно ќе биде прекинато, а од вчера цела земја е ставена во карантин, по наредба на премиерот на Италија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата