Папагалите се ценети не само заради шарените пердуви, туку и заради нивната способност да зборуваат и да ги повторуваат зборовите што ги слушаат од луѓето.

Но, нивниот „речник“ не е секогаш префинет и учтив, бидејќи има случаи во кои срамни зборови и пцовки излегуваат од нивните клунови.

Таков е и случајот со зоолошката градина во Линколншир, Англија, која беше принудена да отстрани петте примероци кои ги чуваше, бидејќи им стана навика  „пцујат“ и да „колнат“.

Птиците ги научиле овие ниски „изрази“ за време на карантинот, а кога паркот повторно се отвори, тие почнаа да ги „воодушевуваат“ посетителите со својот непријатен репертоар.

Неверојатно, но вистинито, управата на паркот беше принудена да ги држи папагалите настрана настрана од посетителите.

Кога по завршувањето на периодот на карантини повторно се отвори паркот за диви животни во Линколншир, посетителите беа шокирани кога слушнаа што се излегува од нивните клунови, и убави за гледање и страшни за слушање.

Однесување кое, со оглед на големиот број деца кои го посетуваат паркот, сигурно не може да се дозволи.

Службениците на паркот сè уште не знаат како можело да се случи ова, но сигурно животните ги слушнале овие клетви и пцовки за време на карантинот поминат во кафезот.