Коронавирусот е активен и во солзите на заразените пациенти, покажува истражувањето на Националниот институт за инфективни болести, „Спаланцани“ во Рим, објави списанието „Annals of Internal Medicine“.

Започнувајќи со брис земен од окото на заразен пациент кој имал билатерален конјуктивитис, истражувачите биле во можност да го изолираат вирусот, покажувајќи дека тој може да се репродуцира, не само во респираторните органи, туку и во окото, предизвикувајќи конјуктивитис.

Овој наод има важни импликации за општото здравје, па резултатот, добиен од италијанските лекари, бил проследен до Светската здравствена организација.

„Ова истражување покажува дека очите не се само врата за влез на вирусот во телото, туку се и потенцијален извор на инфекција“, коментира Кончета Кастилети, шеф на оперативна единица во лабораторијата на клиниката „Спаланцани“ во Рим.

Откритието потврди дека исто така е неопходно да се обезбеди соодветна заштитна опрема за офталмолозите, за кои претходно се сметаше дека се релативно безбедни од ризик од инфекција со коронарнавирус, при работа со пациенти.

Студијата потврди дека брисевите од очи може да бидат позитивни за инфекција од вирусот дури и ако нема видливи траги за присуство на Ковид-19 на тестовите земени од респираторниот систем.

извор: Makfax