x

Коронавирусот го стори своето: Кристијанштад и Азоти без борба до второто коло во ЛЕ

ehf

Пандемијата коронавирус продолжува да прави хаос и во светот на спортот. Поради рестрикциите кои одредени земји ги превземаат, нивните тимови се спречени да ги остварат своите амбиции.

Европската ракометна федерација денеска донесе тешка одлука, во втората квалификациска рунда во Лига Европа ги испрати шведскиот тим Кристијанштад и полскиот Азоти Пулави. Првиот клуб требаше да игра со норвешкиот Арендал, додека вториот со Хаслум, кој доаѓа од истата земја. Поради мерките кои ги превзема Норвешка, нивните претставници загубија на двата меча службено.

Норвешка како многумина земји им наложува на спортските тимови двонеделен карантин доколку ја напуштат земјата, што пак е недозволиво.

И двете страни понудија најразлични решенија, како и доигрување на неутрален терен, но ништо не беше прифатливо за Норвежаните.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата