Њујорк Тајмс ги сподели искуствата на неколку луѓе кои останаа без заби откако се опоравија од коронавирусот.Во текстот се наведува дека некои луѓе изгубиле заб во различни околности: некои кога отишле на забар, други додека користеле забен конец. Некои изгубиле заб кога јаделе сладолед, а многумина изјавиле дека забот им паднал без да има крварење или болка.

„Последното што мислев дека може да ми се случи е да ми падне заб“, вели госпоѓа Лучијано.

Губењето на забите без придружно крварење не е невообичаено, изјави д-р Ли за Њујорк Тајмс и открива дека тоа може да се случи поради проблеми со крвните садови на непцата.

Новиот коронавирус се врзува за протеинот ангиотензим-конвертирачки ензим 2, кој е сеприсутен кај луѓето. Вирусот се открива не само во белите дробови, туку и на нервните и ендотелните клетки.

Затоа, вели д-р Ли, можно е вирусот да ги „искинал“ крвните садови коишто го одржуваат забот жив кај оние коишто прележале Ковид 19. Ова може дополнително да објасни зошто оние кои изгубиле заб навистина не чувствуваат болка. Исто така можно е дека раширениот имунолошки одговор, честопати наречен цитокинска бура, исто така, да се манифестира во устата.

извор: Makfax