Во Германија коронавирусот влезе во најмалку 331 старски дом и установи за нега на лица. Бројот на погодени старски домови расте дневно, пренесе државната телевизија АРД.

Најмалку 226 лица во старските домови починале од Ковид-19, од нив 118 само во покраината Северна Рајна Вестфалија.

Низ Германија во старските домови и установи за нега на лица, споре АРД, се наоѓаат 818.300 луѓе. Од нив, 92 отсто се лица постари од 65 години.

Поради страв од ширење на инфекцијата во сите покраини е воведена забрана за посети во старските домови и установи за нега.

извор: Makfax