x

Кореа и Врсаљко се двајцата фудбалери позитивни на „Ковид-19“

korea

Анхел Кореа и Шиме Врсаљко се имињата на двајцата фудбалери кои се заболени од коронавирус во редовите на Атлетико Мадрид.

Шпанскиот тим во саботата го направи редовното тестирање на играчите и стручниот штаб, а веќе вчера доби загрижувачки вести. Иако првично политиката беше да не се откриваат имињата на двајцата фудбалери, сепак челниците на клубот се предомислија.

Добра вест е што останатите тестови се негативно, па Атлетико може да патува во Лисабон каде е закажана завршницата во Лигата на шампионите.

„Клупските лекари дозволија да се открие индетитетот на играчите со цел да се стави крај на шпекулациите. Станува збор за Анхел Кореа и Шиме Врсаљко . Кореа оди во самоизолација, како и Врсаљко кој не тренира со првиот тим поради повреда. Неговата состојба ќе мора да се следи посебно особено ако се земе во предвид дека пред неколку месеци разви антитела“, се вели во соопштението на Атлетико.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата